Skip to main content

Данската министерка за европски прашања Мари Бјере во работна посета на Македонија

Фото: Facebook/Marie Bjerre

Министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере утре ќе престојува во работна посета на Македонија. Посетата е во пресрет на претседавањето на Данска со Советот на ЕУ.

Бјере ќе се сретне со македонскиот колега, министерот за европски прашања Орхан Муртезани по што е најавена и заедничка прес-конференција. Како што информира Кабинетот на Муртезани, разговорите помеѓу двете делегации ќе бидат фокусирани на европската интеграција на Македонија, на билатералните односи, реформските приоритети и актуелните регионални и геополитички предизвици.

По посетата на Министерството за европски прашања, Бјере ќе замине во македонското Собрание на средба со претставници од Комисијата европски прашања.

Поврзани вести