![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot_12-2-2025_105431_www.facebook.com_-1024x663.jpeg)
Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став вели дека треба да ја анализира содржината.
„Интерпелациата која е поднесена во Собранието ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и во фаза сум на анализирање на причините и генерално на нејзината содржина. Во моментот кога ќе го изградам мојот став, сигурно и на јавноста ќе и биде соопштен. Јавноста нема да остане без мое произнесување“, рече Дамова.
Во однос на очекувањето на премиерот Христијан Мицкоски, членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да поднесат оставки доколку Собранието изгласа интерпелација, Дамева денес немаше конкретен одгвор.
„Оставката е личен чин и се поднесува оставка само во случај ако постојат оправдани причини за истото“, вели Дамева.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши официјално ги извести членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми дека е побарана интерпелација за нив. Петтемина за членови на Судскиот совет беа избрани во Собранието.