Skip to main content

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна, општинските комитети мотивирани, се очекува огромна победа на изборите

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори. Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена, соопштија од партискиот Центар за комуникации, од каде додаваат дека општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој.

Генералниот секретар Сајкоски го информираше претседателот и партијата дека општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите преземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани.

Претседателот Мицкоски информираше исто така дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста на преземените ветувања пред граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести