
Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, официјално ја презеде функцијата од неговата претходничка.
За директорот Богески оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упати благодарност до досегашната директорка, за нејзиниот ангажман и придонес во изминатиот период.
Архивот како институција зазема значајно место во нашата држава. Тој е чувар на историјата и идентитетот на Република Македонија, обезбедувајќи континуитет меѓу минатото, сегашноста и иднината.

Македонски








