Skip to main content

Без проблеми помина гласањето на болните, немоќните и затворениците, гласовите ќе се бројат утре

Денеска се спроведе гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се на издржување затворска казна или во притвор, како и оние кои се сместени во установи за вонсемејна грижа. Гласањето се одвиваше во општините каде што утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, како и во Градот Скопје.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно 4.826 пријавени болни и немоќни лица, своето право на глас до 20:00 часот го искористиле 3.327 гласачи.

Во 14 казнено-поправни установи, каде што правото на глас го имаат 1.256 лица, до 18:30 часот гласале 588 затвореници и притворени лица.

Од 214 лица сместени во домовите за вонсемејна грижа, до истиот термин гласале 125 гласачи.

Од ДИК информираат дека гласањето во сите категории поминало мирно, без проблеми и без пријавени нерегуларности.

Резултатите од денешното гласање нема да бидат објавени посебно. Според Изборниот законик, гласачките ливчиња се ставаат во затворени пликови и кутии кои ќе бидат отворени утре по затворањето на гласачките места, по 19:00 часот, кога ќе започне броењето и објавувањето на резултатите за секоја општина поединечно.

Поврзани вести