Skip to main content

Беса го распушти Централното претседателство: Се трасира патот за спојување во една партија „Вреди“

Централното собрание на Движење Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на ова партиско тело со цел во иднина партијата да биде дел од процесот почнат за спојување на повеќе политички партии во партијата „Вреди“ (ВЛЕН) како еден политички субјект. Оваа одлука ја донесе Централното собрание вечерва по час и половина заседавање во партиското седиште во Тетово.

Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на „Вреди“ и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат „Вреди“. Во оваа прилика Собранието го овласти мене како претседател да продолжам да со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка за спојувањето во еден субјект со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот на волјата на гласачите на „Вреди“ и сите Албанци – истакна Биљал Касами, претседател на Движење Беса.

На состанокот на собранието била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата, рече Касами. Тој пренесе дека членовите на собранието ја поддржале неговата изјава дека Движење Беса има капацитет за многу повеќе работа, отколку што е сработено досега.

Анализата на работата на функционерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата. Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средства за наша најдобра и ефикасна служба на сите граѓани, особено Албанците и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип – истакна Касами.

На новинарско прашање дали тој ќе биде претседател на новата заедничка партија во рамки на коалицијата Вреди, Касами со одговор дека има неколку опции на дискусија.

Не би сакал да кажам да или не. Сигурно дека доколку заеднички процениме дека јас би требало да преземам некоја обврска, јас сум подготвен – посочи Касами.

Прашан за коментар на изјавата Мицкоски дека тој е носител на мандатот за составување Влада, Касами рече дека се свесни за тоа.

Но сè додека е политичка Влада во која учествуваа Беса, како дел од ВЛЕН, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна, како дел од идната влада – посочи Касами.

Тој додаде дека има одлука да се оцени работата на сите функционери вклучително и на Фатмир Лимани.

Поврзани вести