Skip to main content

Анџело Илиевски прв до светиот крст во Демир Капија

МИА

Во водите на реката Бошава во Демир Капија се одржа чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Меѓу бројните учесници, Анџело Илиевски го фати светиот крст. Тој доби и подароци.

Нека оваа чест му донесе здравје, духовен мир, мудрост, радост и успех, а благословот од денешниот ден да го следи во текот на целата година, му посакаа од Општина Демир Капија.

Притоа изразија благодарност до сите учесници, верници и граѓани за продолжувањето на вековната традиција, честитајќи го празникот.

Илиевски посака здравје и среќа, за себе и за сите други луѓе во светот.

Поврзани вести