Дрин Ахмети во интервјуто за „Република“ откри дека три сметки му се блокирани но оти не знае зошто.Тој објасни дек. една од нив е блокирана од Управата за јавни приходи.
Мислам дека сите три се блокирани од Управата за јавни приходи. Работиме со нив на изнаоѓање решение за реструктуирање на долгот кој според нив останал неплатен. Затоа што за жал во Македонија немаш право да се жалиш, да кажеш, чекај, не ги должам парите, туку само ти ги блокираат парите. Не е како во земјите од првиот свет каде што прво даваат најава, па втора најава, па известување, па дури потоа дејствуваат. Тука само ти ја блокираат сметката и тоа е тоа.
Ако се регуларно платени зошто и понатаму остануваат блокирани?
Ахмети: Не се регуларно блокирани, не знам зошто. Сметките беа заклучени веројатно околу јули, па потоа беа деблокирани, па повторно блокирани, па пуштени. И поради оваа причина, за да го задржиме најголемиот дел од мојот персонал, моравме да им поделиме акции на дел од вработените. И го направивме тоа.
Можете ли да објасните како успеавте да ги решите проблемите со блокираните сметки за време на претходната и сегашната власт?
Ахмети: Не успеавме да ги решиме, само плативме. Ни земаат пари од сметката и тоа е тоа.