Skip to main content

3.69 е просечната оценка од државна матура годинава – резултатите подобри од лани

Freepik

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3,69.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција ги соопштија резултатите од јунскиот испитен рок во кој пријсвени за полагање биле 15.004 матуранти од сите видови образование (гимназиско, стручно, уметничко) и на сите наставни јазици.

Околу 3 проценти не дошле на испитите.

Јаневска изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечна оценка била 3,26 и бидејќи немало голем број препишувања. Како што рече, 172 матуранти се обиделе да препишат и да го „надмудрат“ системот.

Биле поднесени 507 приговори по сите предмети.

Поврзани вести