Skip to main content

Не славиме, туку зборуваме гласно: Македонија е на нозе!

„Вечерва не сме тука за да славиме, иако имаме причина за тоа поради резултатите од првиот круг кои позитивни со јасно дефиниран победник во првиот круг, а тоа е коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Вечерва не сме тука ниту пак да создаваме еуфорија, туку се собравме да кажеме гласно и недвосмислено – Македонија е на нозе,“ рече вечерва премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој порача дека било потребно време, трпение и верба за да се помрднат работите и државата повторно да се исправи.


„Ни оставија институции што не работеа, економија што се распаѓаше, сиромаштија што растеше и морал во минус. Наместо систем, наследивме долгови – финансиски и идентитетски долгови кои ги плаќаме сите ние граѓаните,“ истакна тој.

Премиерот се повика на зборовите на Винстон Черчил дека „песимистот ја гледа тешкотијата во секоја можност, а оптимистот можност во секоја тешкотија“, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ избрало да биде оптимист, што не е лесно но е вистинскиот избори бидејќи само така со срце и душа се работи за својата држава.

„Минатата власт ја остави државата во пустош. Го расклопија системот парче по парче, како да бил нивен личен имот. Го претворија јавниот сектор во партиска филијала, институциите во неми сведоци, а народот во заложник,“ додаде премиерот.

Потоа додаде:

И ова што го говорам за државата која ни ја оставија во распад и потоната во сиромаштија, не го кажувам како алиби, туку како завет и обврска, затоа што кога вистината се именува, тогаш иднината станува возможна. Проблемите може да се решаваат само ако сме свесни за нив и ако ги именуваме.

Премиерот се повика и на зборовите на Рузвелт:

„Единственото нешто од кое треба да се плашиме е самиот страв. А ние избравме да не се плашиме. Стравот и грижата ги претворивме во мотив – за исправена, посилна и поуверена Македонија.“

Поврзани вести