
„Матица македонска“ ја објави новата книга од универзитетскиот професор, истражувач и писател Стефан Влахов-Мицов, „Земјата – база за космички експерименти“. Целта на оваа книга е да ги покаже специфичните космички експерименти врз земниот свет, нивното влијание врз „сапиенсот“ и неговите реакции, кои обезбедуваат целост и успех на тие експерименти.
Во првиот дел на книгата се анализира опремувањето на Сончевиот систем како експериментална база според Библијата и Куранот, информациите во митологијата и тврдењата на официјалната наука. Авторот подвлекува дека Библијата и Куранот го опишуваат не создавањето на Вселената, туку само на Сончевиот систем, што ја покажува локалната моќ на космичкиот Феномен.
Во вториот дел пак, се потцртува дека Земјата била опремена за долг рок експерименти, притоа од различен вид и тоа нашло одраз во различните извори на енергија и во нивниот карактер. Се обрнува внимание дека во далечното минато земните жители имале целосна информација за светската геометриска мрежа и за кристалниот скелет на Земјата, кои во корелација со дејствата на Сонцето и на останатите планети го определувале развојот на цивилизациите. Се подвлекува дека божествениот дизајн на микро рамниште имал за цел да го откаже „сапиенсот“ од неговата мегаломанија.
Како што напоменува Влахов-Мицов во книгата, бидејќи денес официјалната наука нема функционална дефиниција за тоа што е живот, критериуми за разграничување меѓу „живо“ и „неживо“, мистеријата на молекулата на ДНК, безвредноста на читањето на човечкиот геном кога управувањето со процесите е надвор од можностите на „сапиенсот“.
Најголем дел од книгата е посветен на самите космички експерименти врз земниот свет и обидите на луѓето да се мешаат во тие експерименти преку тајни институции и служби. Глобалната цел на создавањето на „сапиенсот“ била експериментот дали и доколку Духот може да дејствува независно од биолошко-хемискиот дел (телото), и од средината во која живее организнот.
Според Влахов-Мицов, во својот живот човечката индивидуа води двојна борба. Внатрешна во себеси меѓу биологијата и Духот, и надворешна меѓу Духот и сето она – идеолошко и институционално, кое сака да го стави во своја матрица. Во споредба со другите организми, космичкиот Феномен му дал на „сапиенсот“ две специфични оружја за да го испита. Едното – да живее истовремено во реалниот и во свој фантастичен свет – и другото – брутална агресивност во однос на целиот природен свет. На тој начин „сапиенсот“ добива можност да се трансформира во орудие на земниот хаос и уништувач. Во таков контекст се спроведуваат и космичките експерименти на глобално, локално и индивидуално рамниште. Се спроведуваат преку различни фемомени и процеси – религиозни, видливи и невидливи НЛО, итн., и со користење на својствата на мозокот и неговите функции. Посебно внимание им се обрнува на експериментите врз гениите и јасновидците каде што мешаат прсти и земните тајни служби.
Авторот тврди дека по биолошкиот крај на организмот, душата (Духот) не се губи, затоа што се трансформира во архивизирана енергетска информација. Но, се користи по потреба од тие кои се овластени за тоа. Во таа смисла, нема самостојност на Јас како на Земјата. Меѓутоа, наглото зголемување на земното население (од околу 910 милиони во 1800 година до 8 милијарди и 294 милиони моментално), духовниот Јас не е уникатен и во границите на земното биолошко постоење. Затоа што, веќе меѓу 50 и 100 луѓе имаат „еден живот“, т.е. иста судбина до најмали детали.
Според Библијата и Куранот, Второто воскресение ќе донесе крај на космичкиот експеримент на Земјата. Опишаната слика на Космосот покажува голема катаклизма, слична на онаа од првата реконструкција на Сончевиот систем. И сликата на Земјата потврдува дека станува збор за катастрофа многу поголема од таа при последниот Потоп. Едноставно кажано, како што е наведено во книгата, Земјата нема повеќе да постои како планета. Затоа Библијата и Куранот споменуваат „ново небо и нова земја“, на која ќе бидат однесени „откупените од земјата“ 144 000 луѓе, кои ќе ја преживеат катастрофата.
Книгата, веќе е достапна во книжарницата на „Матица македонска“.