
Оперски солисти и Оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска одржаа гала концерт во Домот на културата „Ацо Шопов“ по повод 100 години од изведбата на првата опера во Македонија – „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало.

На програмата блескаа арии и интермецо од „Палјачи“, како и изведби на дела од Пучини, Верди и Бизе, со настапи на Павлина Новакова-Георгиев, Ристе Велков, Елена Голомеова и уште многу врвни солисти.

Вечерва во Штип оживеа историјата на македонската опера! Со оваа свеченост, го чествуваме делото на Сергеј Михајлов – основоположникот на оперската музика кај нас, кој токму во Штип, пред еден век, ја постави „Палјачи“ и ја отвори патеката на оперската уметност во Македонија. Со ова одбележување, се потврдува континуитетот на македонската оперска сцена и нејзината важност, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков.