Skip to main content

Во познатата галерија „Менил 8“ во Париз изложени цртежи од ученици од две училишта од Гевгелија

Во познатата галерија „Менил 8“ во Париз, од 5 до 9 февруари, по четврти пат беше отворена изложбата „Мојата омилена книга“, на кој беа претставени цртежи, од млади уметници кои создаваат ликовни творби инспирирани од нивните омилени книги.

Овој пат, изложбата имаше интернационален карактер бидејќи  на неа учествуваа ученици од девет основни училишта од Париз, Франција, едно училиште од Фес, Мароко, и две училишта од Гевгелија, Македонија- ООУ „Крсте Мисирков“ и СОУ „Јосиф Јосифовски од Гевгелија.

Тие, создадоа над 300 ликовни творби под будното око на наставниците Александар Јанев, Елизабета Караниколова, Розета Картова и Наташа Смилкова, инспирирани од нивните омилени книги.

Поврзани вести