
Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кучково, скопско, 17-годишник од Скопје управувајќи мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот 15-годишен сопатник од с.Волково, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Македонски



