Skip to main content

Чествување на 100 години од смртта на Крсте Мисирков во Македонскиот КИЦ во Софија

По повод одбележувањето на 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Мисирков, Македонскиот културно-информативен центар во Софија организира пригодно чествување посветено на една од најзначајните личности во македонската културна и национална историја.

Во рамките на програмата ќе се одржи предавањето: „Поетиката на националната идеја: книжевна интерпретација на „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков“, на кое проф. д-р Анита Ангелевска и Гордана Гравчева-Ивановска, проф. по македонски јазик и книжевност, македонист и лектор ќе понудат книжевно-научно читање на капиталното дело на Мисирков, согледувајќи ги неговите поетички, културолошки и национални димензии.

Преку ова чествување, Македонскиот културно-информативен центар во Софија оддава почит на Крсте Мисирков – мислител, публицист и визионер, чие дело и по еден век останува темелна референца во афирмацијата на македонскиот јазик, култура и национална самобитност.

Поврзани вести