Skip to main content

Боб Дилан, легендарниот американски кантавтор и добитник на Нобеловата награда за литература со концерт во Љубљана

Легендарниот американски кантавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, оваа есен повторно ќе настапи во Европа, а една од станиците на неговата турнеја ќе биде и Љубљана.

Дилан на 9 ноември ќе одржи концерт во арената „Стожице“, што ќе биде одлична можност и за македонските обожаватели да го слушнат во живо, со оглед на близината на словенечката престолнина до Скопје.

Осумдесет и петгодишниот музичар важи за една од највлијателните личности во историјата на современата музика. Во својата повеќедецениска кариера објави околу 40 студиски албуми, продаде повеќе од 125 милиони носачи на звук ширум светот и во 2016 година ја доби Нобеловата награда за литература за неговите поетски текстови, а покрај музиката е познат и по своето ликовно творештво.

Поврзани вести