
Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Идентитески паралели“ на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска.
Изложбата е дел од настанот „Уметник во престој“ организиран во рамки на европскиот проект Креарт што се одржува во КИЦ шеста година по ред, а е финансирана од Град Скопје.
Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска го претставуваат сопствениот интимистички и длабоко промислен творечки концепт преку неколку серии на дела изработени во комбинација на повеќе различни техники. Трајковска се претставува со трилогија, налик на мала ретроспектива, во која критички се осврнува на елементите круцијални за сопствениот досегашен творечки развој, а Персич како појдовен момент во сопственото творечко истражување и презентирање користи две основни повторливи теми – автопортретот и лончето за кафе.
Изложбата ќе биде отворена до 16 ноември 2025 година.

                        
Македонски






