
Во рамки на фестивалот Скопско лето, вечерва публиката ќе има ретка можност да ужива во гала концертот „Хармонија во три стила: класика, филм и корен“, во изведба на уметникот Вејчеслав Поповски, придружен од реномираниот стринг квартет Acies Quartett – културни амбасадори на Австрија.
Настанот нуди уникатно музичко патување низ три различни светови – класичната уметност, филмската емоција и македонскиот музички корен, обединети преку звуците на инструментите кои самиот Поповски ги создава. Концертот ветува висока музичка естетика, длабока емоционалност и автентично доживување на музиката во нејзината најинтимна форма.
Вечерта ќе биде збогатена и со учеството на специјални гости Рихард Рикон, реномиран пијанист од Словачка i Елена Васова, гостин-сопран.
Билетите се достапни преку платформата karti.com.mk.