Skip to main content

Вечер на современа македонска музика насловена „Извор“ во КИЦ во Белград

Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград денеска во 18 часот ќе биде организирана Вечер на современа македонска музика насловена „Извор“.

Десет современи музички музички теми ќе бидат изведени од Марко Виденовиќ на пијано, Владимир Лазаревски на обоа и Памела Велкова на виолина.

Автор на сите музички теми е Марко Виденовиќ.

Овој музички проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, организатор на настанот е македонскиот КИЦ во Белград, а концертот ќе се оддржи во соработка со Културниот центар на Белград што ќе биде домаќин на настанот и со поддршка на Националниот совет на Македонците во Србија.

Поврзани вести