
В сабота, на 22 февруари, во 12 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) – Скопје ќе има МСУ Водич со кустосот Бојана Јанева и матине со диџеј сет.
Кустосот водич Бојана Јанева на публиката ќе и ги доближи трите меѓународни изложби: „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“, „Војна на сетилата/војна врз сетилата“ и „Калдер: флуиден модернизам“, изложба која ексклузивно ќе се отвори на самиот ден на матинето, во која ќе биде изложено делото на Александер Калдер од колекцијата на Музејот придружено со звучна композиција на Дорит Крислер.
Крислер е австриска композиторка која создаде звучна композициja во интеракција со придвижувањето на мобилното дело на Александер Калдер, во Музејот на модерна уметност – МоМА, Њујорк.
Од 13 часот матине дружење со диџеј сет
За најмладата публика и овој пат има Детско катче, каде ќе можат да цртаат потикнати и инспирирани од изложбите.