Skip to main content

Знаете ли зошто стујардесите ги поздравуваат патниците при влегување во авионот

 За време на качување на патниците во авионот, персоналот  врши кратка, но важна процена за да утврди дали лицата се способни за лет и дали во случај на потреба би можеле да помогнат.

– Стјуардесите при влегувањето на патниците во авионот не ги поздравуваат само од љубезност, туку и поради безбедносни мерки пред полетувањето, изјавил Габриел Рандоне, инструктор за кабински персонал во авиокомпанијата Виз Ер. Кога ве поздравуваме додека се качувате во авионот, тоа не е само љубезност. Ние ве проценуваме. Членовите на кабинскиот екипаж обрнуваат внимание на можни знаци на агресивно однесување, алкохолизирана состојба или здравствени проблеми кои би можеле да влијаат на безбедноста на летот или да го спречат патникот да патува, објаснил тој.

Посебно внимание, според него, се посветува и на патниците кои седат покрај излезите за итни случаи. Кабинскиот персонал проверува дали тие лица се способни да помогнат во случај на евакуација. Во тој ред не може да седи кој било.

„Од безбедносни причини седиштата покрај излезите за итни случаи не се дозволени за патници помлади од 16 години, лица со прекумерна телесна тежина, лица со посебни потреби, бремени жени, како и патници кои патуваат со деца помали од две години“, се наведува во правилата објавени на страницата на Виз Ер.

– Доколку овие седишта останат празни, екипажот бара доброволец за кој проценува дека е физички способен да помогне во случај на потреба, објаснил Рандоне. Таквата личност во авијацијата се нарекува ABP (Ејбл бодиед персон)-способно лице.

Според него, таквиот патник може да биде преместен поблиску до излезот за итни случаи за да може да реагира доколку дојде до евакуација. Неговата задача би била да го отстрани заштитниот капак од вратата и да ја повлече рачката за отворање на излезот.

– Во итни ситуации секоја секунда е важна, а брзината е еден од најважните фактори при евакуација, нагласил Рандоне. Во итен случај, според мене, наш приоритет е да ве извлечеме што е можно побрзо. Кабинскиот персонал има само 90 секунди за да евакуира целосно наполнета кабина со 239 патници, па затоа е важно правилно избирање на патниците кои можат да помогнат во такви итни ситуации, предупредил тој

Поврзани вести