Skip to main content

Фановите му одржаа „концерт“ на Владо Јаневски, со ѕвездено небо му порачаа „некогаш и негде“

Концерт без концерт. Без главниот изведувач. Токму тоа се случи вечерва на платото пред СЦ „Борис Трајковски“, каде Владо Јаневски ги имаше најголемите настапи.

Фановите со присуството му се одолжија за хитовите што им ги подари во кои се препознаваа, се заљубуваа, тагуваа, се забавуваа. Со свеќи во рацете ги пееја песните од Владо кои ечеа од видеобимот. Со ѕведеното небо му порачаа „Некогаш и негде“.

Последното испраќање на Владо и по некој збор за дружбата кажаа неговите соработници и колеги Влатко Плевнеш, Стефан Чепишевски и Валентино Скендеровски.

Поврзани вести