Skip to main content

В петок се отвора изложбата „Украс“ во Ликовната галерија на „Марко Цепенков“ во Прилеп

На 12 септември, во 18.30 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Украс“ од уметницата Марјана Костојчиноска Узунчева. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Костојчиноска Узунчева дипломирала на ФЛУ Скопје – отсек графика. Досега реализирала 27 самостојни изложби и повеќе од 50 групни во земјава и во странство.


Најновиот креативен подвиг на ликовната уметница Марјана Костојчиноска Узунчева отелотворен во комплексната и интерпретативно повеќеслојна просторна инсталација насловена „Украс”, отвора низа актуелни прашања во врска сo позицијата и третманот на жената денес и родовата (не)еднаквост, посебно во конзервативни и патријархални општества. Инсталацијата се состои од навидум секојдневни предмети кои претставуваат своевиден визуелен код, како дел од нашето етнолошко богатство и културна традиција, но групирани и транспонирани на овој начин и во овој контекст се лишени од баналност и добиваат сосема поинаква, поширока димензија и симболика.

Поврзани вести