Skip to main content

„Трилер вечер“ со Јана Мишо, Сузана Камберова, Андреа Мирческа, Марија Ралповска и Мери Арсова, авторки на актуелни трилери

Сите фанови на трилерите ќе можат да уживаат во т.н. „Трилер вечер“, закажана за 21 февруари, во 19 часот, во „Литература.мк“, „Скопје сити мол“.

Трилер-жанрот е во подем во нашата литература, а последните неколку години се појавија свежи авторски дела кои го освојуваат вниманието на читателите. На настанот ќе учествуваат авторките на актуелни трилери Јана Мишо („Што се случи со Исидора?“), Сузана Камберова („Страшни приказни“), Андреа Мирческа („Девојката што ја наслика смртта“), Марија Ралповска („Сенки во подземјето“ и „Мастилна мапа“) и Мери Арсова („Опасна игра“), како и уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

Во улога на модератор ќе биде Анде Д. Јанков.
 

Поврзани вести