
Театар Комедија е домаќин на еден од најголемите театарски режисери, Деклан Донелан и на Ник Ормерод, основачи на меѓународната театарска компанија Чик бај Џоул (Cheek by Jowl) и уметнички директори на компанијата. На 26 и 27 мај одржуваат работилница за театарски режисери во Театар Комедија. На 28 мај, среда, во 12:00 часот ќе се одржи промоција на книгата Актерот и просторот, автори Деклан Донелан и Ник Ормерод.
Издавач на ова капитално дело е Театар Комедија, преводот е на Бисера Бендевска, а промотор на книгата Иван Додовски, редовен професор по критичка теорија и компаративна литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
Ве покануваме, Театар Комедија е отворен за вас, среда 28 мај во 12:00 часот, фоаје на Театар Комедија, велат оттаму.