Skip to main content

Соња Абаџиева Димитрова, Викторија Васева Димеска и д-р Мелентие Пандиловски се добитници на наградата „Борис Петовски“ за 2025

Со особена чест ги објавуваме овогодинешните добитници на престижната награда „Борис Петковски“, со која се афирмираат исклучителните достигнувања во областа на уметничката критика, теорија и истражувачка работа, соопштија од AIKA здружението на ликовни критичари.

Соња Абаџиева Димитрова – за континуирана дејност и исклучителен придонес во областа на уметничката критика.

д-р Мелентие Пандиловски – за најдобар критички текст, односно за текстот „Светот на Ариел Хасан: Помеѓу Барт, феноменологијата и постфеноменологијата“, посветен на проектот „Трагедија на еднаквоста IV – Буткање на рака“ од авторот Ариел Хасан.

Викторија Васева Димеска – за најдобар теоретски или истражувачки труд, за текстот „Скриените фантазми“ објавен во монографијата за Анета Светиева.

Со искрена благодарност за нивниот придонес во развојот и унапредувањето на современата критичка мисла,

топло им честитаме на сите добитници!

Поврзани вести