
Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ ќе се одржи солистички рецитал за баритон и пијано насловен „Звуци на срцето и душата“ на 06.11.2025г. (четврток) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар).
На рециталот ќе настапат Берислав Јерковиќ (баритон) и Ана Дадиќ (пијано) од Хрватска.
Берислав Јерковиќ – баритон
Берислав Јерковиќ е дипломец по Пеење, Диригирање и Музичка педагогија, со докторски студии на Универзитетот во Загреб. Има изведено бројни солистички улоги во опери низ Европа, Африка и Америка, а настапувал со врвни оркестри и ансамбли. Добитник е на повеќе награди за вокални и диригентски настапи и активен е како професор на Академијата за уметност во Осиек, каде е и раководител на Одделот за музичка уметност.
Ана Дадиќ – пијано
Ана Дадиќ е пијанистка и флаутистка со дипломи од Музичката академија во Загреб и Академијата за музика во Љубљана. Добитничка е на над 35 први награди на национални и меѓународни натпревари и астапувала во повеќе европски земји. Соработувала со истакнати оркестри и ансамбли, меѓу кои Загрепската н филхармонија и Квартет Руцнер. Моментално работи како корепетитор во Уметничкото училиште за танц „Силвија Херцигонја“ во Загреб.

Македонски







