
Ретроспективната изложба на нашата реномирана скулпторка Анета Светиева, на којашто со огромно задоволство присуствував во Даут пашиниот амам, беше вистинска уметничка приказна што плени со својата автентичност.
Разгледувајќи ги скулптурите, се поврзав со пораките коишто преку универзалниот јазик на уметноста ни доловуваат различни светови и времиња. Тие се сведоштво на настани и ритуали од дамнешнината што се преплетуваат со разнобојните состојби на душата и умот кај човекот.
Се воодушевив од уметноста на Светиева, која со својот неконвенционален творечки опус ја збогатува македонската уметничка сцена. Честитки за извонредната изложба, посакувајќи ѝ уште многу врвни уметнички дострели.