
Вечерва во Тетарот „Сенки и облаци“ во скопско Дебар маало ќе се одигра детската претстава со сенки „Семе“ од 19 часот.
Претставата трае 35 минути и може да ја следат деца над три години.
Преку планини и мочуришта, на летни, есенски и зимски ветришта патуваат нашите Семчиња.
Гонети од Кртот и Чавката, бегајќи од Волкот и Бувот, разиграни од Бубамарите и Мравките секое Семче си го пронајде својот пат.
Претставата која го пропатува светот од Кина до Бразил милувана од скокотливите звуци на армоника и кахон во живо, повторно трага по детска публика жедна за сведочење на една исконска вистина – и во најмалото Семче се крие надеж, моќ и цел еден свет!