Skip to main content

Распишан конкурсот за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“

На конкурсот кој го објави Општина Велес за доделување на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“, предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност земјава. Конкурсот трае до 28 февруари годинава.

Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република Македонија.

Како што се наведува во конкурсот, приоритет имаат драмските актери од средната генерација.

На конкурсот нема да се земат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си. Наградата ја доделува Општина Велес и Театарот „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“, а се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

Од пријавените кандидати по конкурсот, изборот на добитникот ќе го врши стручна комисија составена од три члена. Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес – конференција во Општина Велес, најдоцна пет дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.

Наградата ќе биде доделена на престојното 4 -то издание на Фестивалот „5- ре“ годинава во Велес.

Инаку наградата за актерско животно дело „Петре Прличко“ се доделува од 2006 година, а прв добитник беше актерот Благоја Спиркоски Џумерко.

Поврзани вести