Skip to main content

Првиот роденден на културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе се слави со повеќедневна и разновидна програма

Оваа цела недела едукативно-културниот центар Лабораториум ќе го одбележи својот прв роденден со повеќедневна и разновидна програма, што ќе започне во вторник (03.12), а ќе трае сѐ до недела (08.12). Програмата по повод роденденот отсликува дел од проектите кои Лабораториум ги имаше во изминатата година, разновидни, необични и активни.

Програмата започнува со хуманитарниот настан „Giving Tuesday„ во соработка со центарот за социјални иницијативи „Надеж“ кој има за цел да ја подигне свеста на младите во нашата земја за важноста на реупотребата на користената облека и аксесоари.

Среда е резервирана за „All star- Jam session“.

Прослава на неделниот проект „Експериментален џем” на Лаб, со отворена покана кон сите артисти и музичари кои биле гости изминатата година.

Четврток е посветен на локалните крафт производители и млади DJ. Гости на настанот ќе бидат Темов, Пиволабс, Белеза, Вајт Риџ џин, Плетварски ракии, В’к ракии, Мирон вино и ракии, Ерос вино, Брзанов вино, Бак, СмидЏин. За музичкиот дел ќе се погрижи диџејското дуо „D.I.K.”

Викенд агендата за роденденот на Лабораториум започнува со нова иницијатива на културно-едукативниот центар, „Social Friday” наменета за заедницата и локален активизам. Лабораториум ќе ја пренамени оградата на “Lab Café” во автобуска станица на постојката „Европски Универзитет”. Утрото исто така го посветуваме на повозрасните граѓани, на кои ќе им се понуди, платформа и простор за формирање на сениор клуб во рамките на Лаб, место каде нивните идеи и желби ќе бидат сослушани и реализирани.

Вечерната викенд програма започнува со најава за највозбудливиот проект на Лабораториум до сега – новото онлајн радио „Стереолаб“. Ова ново радио има цел да промовира нова независна македонска музика, но исто така ќе негува стари и нови музички тенденции од целиот свет. Диџеи ќе бидат Илина Ангеловска и Ивана Драгшиќ, придружени со перформанс на „Александар Велики” – Гачо.

Сабота ќе започне со детското катче, каде на најмладите Лаб ќе им понуди неколку забавни, интерактивни и едукативни проекти. Програмата ќе вклучува интерактивна работилница за репарација на играчки со кои потоа ќе се импровизира куклена претстава, ќе има работилници, детско музичко шоу и ,,мини диско”. Во вечерните часови, следува филмската вечер, каде покрај проекцијата на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски, ќе се одржи и филмски квиз и забава со филмска музика.

Големото финале на 08.12 ќе биде крунисано со Отворен ден во Лабораториум – целодневна програма дисперзирана на повеќе катчиња во халата – ликовна уметност, театар, игри, спорт, печатње на “Lab merch” во живо, како и повеќе музички настапи на големата и малата сцена во „Лабораториум“. DJ сетови ќе имаат Јанко петел јаваше,DDs, Disco Ninja, Double G, а во живо ќе настапат M! и KEM. Настанот во недела ќе трае од 13:00 часот до 01:00 часот.

Поврзани вести