Skip to main content

Промоција на книгата „Тажната приказана на миграциите (размена на население)“ од Суреја Ајташ во македонскиот КИЦ во Истанбул

Историјата понекогаш се пишува со заминувања, со домови кои остануваат зад грб и животи кои почнуваат одново, далеку од своето. Размената на население беше судбина на илјадници македонски и турски семејства принудени засекогаш да ги напуштат своите огништа. Од Егејска Македонија до Анадолија, генерации заминаа, но нивните приказни никогаш не занемеа.

Македонскиот културен центар во Истанбул организира промоција на книгата „Тажната приказана на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, проследена со разговори посветени на една од најчувствителните страници од нашата испреплетена историја.

✨ Темата на вечерта го отвора прашањето за миграцијата на населението од Егејска Македонија во Турција, како последица на Лозанскиот договор од 1923 година – историски момент кој засекогаш ги оттурна луѓето од нивните огништа, оставајќи длабоки траги во идентитетот, јазикот и културната меморија.

🎤 За книгата ќе говорат:

🔹 проф. д-р Елка Јачева Улчар – лингвист

🔹 Елена Христова – истражувач, документарист и музичар.

👤 Во присуство на авторката Суреја Ајташ, со која ќе имаме можност за разговор.

📅 20 април 2026

🕕 18:00 часот

📍 Македонски културен центар – Истанбул, Таксим

Постојат миграции којшто не завршуваат со патувањето, тие продолжуваат да живеат во јазикот, во сеќавањата и во животите на поколенијата.

Поврзани вести