Skip to main content

Промоција на книгата „Студии за старините на Стоби“, том 5

На 5 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи промоција на најновиот, петти том од периодиката „Студии за старините на Стоби“, во издание на НУ Стоби.

Овој зборник содржи научни трудови презентирани на Меѓународната археолошка конференција: „Меѓу Истокот и Западот. Стоби и градовите во римските провинции на Балканот“, на која учествуваа еминентни археолози и истражувачи од земјата и странство.

На промоцијата свое обраќање ќе имаат:

  • aкадемик Вера Битракова-Грозданова
  • проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс
  • д-р Анастасиос Антонарас

Настанот го организира НУ Стоби.

Поврзани вести