
В петок, на 28 февруари во 11 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во СКопје (поранешен Дом на градежниците) ќе се одржи промоција на книгата „Ноќни белешки“ од Петре Наковски, поранешен прв амбасадор на независна Македонија во Полска, во периодот од 1995 до 1999 година.

Петре Наковски е роден на 17 јули 1937 г. во Крчишта, Костурско. Тој е прозаист, член на ДПМ од 1989 г., автор на неколку романи што го третираат прашањето на егзодусот на македонското население во граѓанската војна во Грција. „Ноќни белешки“ се мемоарски записи од г. Петре Наковски, прибележувани во текот на неговата дипломатска мисија во Полска. Промотор на „Ноќни белешки“ ќе биде Н. Е. амбасадорот Јован Теговски, претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје, а свое поздравно обраќање ќе има Ана Каспшах, заменик-амбасадор во Амбасадата на Полска во Скопје. Рецензент на „Ноќни белешки“ е Драган Јањатов, дипломат, член на Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје.