Skip to main content

Премиера на „Ангели во Америка“ во режија на Филип Петковски на први септември во МНТ

Плакат / Фото: Македонски народен театар

На први септември на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) е закажана премиерата на претставата „Ангели во Америка – Среќна фантазија на национални теми Дел I: Милениумот наближува“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски.

Во претставата играат: Јордан Симонов, Александар Стоименовски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Сценограф е Мартин Манев, костимограф – Антонија Гугинска Јорданоска, кореограф е Иван Ангеловски. Продуценти на претставата се Петар Антевски и Филип Петковски.

Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.

Претставата е подржана од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, Europe House Skopje, Германската амбасада во Скопје, Здружението Заедно посилни и Gilead Sciences Europe LTD.

По премиерата, следната изведба е на втори септември со почеток во 20:00 часот.

Поврзани вести