
Во организација на НУ „Охридско лето“ на 29 ноември, во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолончелистот Петар Пејчиќ, еден од најголемите таленти на својата генерација.
Концертот насловен како „Timeless“ ќе донесе безвременско музичко патување исполнето со емоции и магија, спектакл под свеќи кој ќе ги воодушеви љубителите на класичната музика. Петар Пејчиќ е млад и исклучелно талентиран виолончелист, кој веќе со години го привлекува светското внимание со својата виртуозност, музикалност, неверојатна техника, сценски изглед и харизматична изведба. Неговите успешни настапи на некои од најголемите светски сцени го поставуваат како еден од најврвните уметници на својата генерација. Пејчиќ е награден на неколку престижни меѓународни натпревари, вклучувајќи го Вториот меѓународен натпревар на Кралицата Елизабета, и е дел од програмите на престижни академии и фондации.
Пејчиќ изведува дела од најголемите композитори со исклучителна техника и емоционална длабочина, создавајќи неповторлива музичка атмосфера која ќе остави траен впечаток. Критичарите го нарекуваат „надарен музичар со огромен сценски шарм“. Пејчиќ е добитник на бројни награди и признанија на меѓународни натпревари, меѓу кои се и наградата на Вториот меѓународен натпревар на Кралица Елизабета (Белгија), како и победата на натпреварите во Финска и Шпанија. Неговата техника и емотивен израз го поставуваат како еден од најзабележителните млади музичари на сцената. Тој свири на виолончело направено од Џузепе Гуарнери „филиус Андреа“ (1694, Кремона).
На 29 ноември, во големата сала на Македонската филхармонија, ве очекува концерт кој ќе ви го одземе здивот! Под магијата на светлината од илјадниците свеќи, камерниот оркестар „ПРОФУНДИС“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ве поведе на безвременско музичко патување исполнето со емоции и магија.
ЕКСКЛУЗИВЕН ГОСТИН СОЛИСТ – ПЕТАР ПЕЈЧИЌ
Овој исклучителен млад уметник е една од најголемите ѕвезди на новата генерација виолончелисти. Како финалист и наградуван уметник на престижниот Меѓународен натпревар Кралица Елизабета, Петар Пејчиќ ја освојува светската музичка сцена со својата неверојатна техника, сценски изглед, емотивна длабочина и харизматична изведба.
Настапувал со некои од најпрестижните оркестри во Европа, меѓу кои BBC Symphony Orchestra, Brussels Philharmonic, Helsinki Philharmonic, Concertgebouw Orchestra и многу други.
Неговите изведби ја носат публиката низ неверојатно интензивни музички емоции, а критичарите го нарекуваат „надарен музичар со огромен сценски шарм“.
Не пропуштајте ја оваа уникатна вечер, каде што музиката, свеќите и емоциите ќе се спојат во искуство за паметење!

Македонски








