
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје која лани прослави 80 години постоење и работа е значајна како институција која ја има својата примарна функција на заштита на македонското национално книжевно богатство.
Нашето културно наследство како книжевен фонд е нашиот идентитет како држава. Не е можно држава без национална библиотека, а во нашата држава тоа е НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Националната библиотека игра клучна улога во зачувување и промовирање на идентитетот, како и во однос на зачувување на македонскиот јазик, , потенцира Јовица Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“.
Никчевски додава дека нивниот книжевен фонд кој постојано се збогатува постои уште пред 80 години кога директор бил велешанецот проф д-р Ѓорѓи Шоптрајанов. Фондот во војната се пренесувал во манастири и други места, а потоа и за време на поплави и земјотреси , а се со цел да се зачува како национален книжевен фонд на Македонија.
Тој информира дека во моментот имаат над 3 милиони библиотечни единици и над еден милион дигитални единици, односно дигитален фонд.
Дел од македонското културно наследство се словенски ракописи од 13 век кои се најстарите зачувани ракописи кои ги поседува НУБ „Свети Климент Охридски“, а воедно поседуваат и стари печатени ретки книги од 1800-тата и некоја година.
Подготвија:
Невена Поповска, новинар
Александар Ивановски: фото/ видео
Александар Арсовски: монтажа

Македонски






