
Денес во просториите на НУБ се одржа работна средба меѓу директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Елена Јованова Грујовска и директорот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Јовица Никчевски.
Во рамките на средбата беше потпишан Меморандум за соработка со цел продлабочување на меѓусебната соработка и разбирање како и реализација на заеднички проекти.
На средбата беа присутни и вработени од институциите кои непосредно ќе бидат вклучени во идната соработка и проекти.
Потврдени се заедничките заложби на двете институции за зачувување и промоција на македонскиот јазик и пишаниот збор.