Skip to main content

Нови дела од творештво на Јоана Арсовска и Јана Николовска, дипломирани сликари во класата на професорот Антони Мазневски од вечерва во Офицерски дом во Битола

Културно информативен центар (КИЦ)-Битола вечер во Офицерски дом организира свечено отворање на изложба „Точка на спојување“ чии автори се младите ликовни уметници Јоана Арсовска и Јана Николовска.

Од КИЦ-Битола информираат дека на изложбата ќе бидат претставени нови дела од творештво на Арсовска и Николовска, дипломирани сликари во класата на професорот Антони Мазневски.

Освен во Битола, ликовните уметници учествувале во групни изложби, како во текот на студирањето така и после дипломирањето, како и во други значајни проекти поврзани со нивната струка.

Поврзани вести