Skip to main content

Научна конференција: „80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија“

Македонското друштво „Сонце“ од Корча, во соработка со Универзитетот „Фан С. Ноли“ од Корча и Мрежата за промоција на јазичната различност од Брисел, со гордост ве покануваат на значаен настан кој го одбележува еден важен јубилеј: 80 години образование на мајчин македонски јазик во Албанија.

Настанот ќе се одржи во Библиотеката „Битолски конгрес“ на Педагошкиот факултет во Корча, во четврток, на 19 декември 2024 година, со почеток во 10:30 часот.

На конференцијата ќе учествуваат реномирани универзитетски професори и научници од Корча, Тирана и Македонија, како и активисти од македонската заедница во Албанија.

Програма:

  • Излагања посветени на историјата и значењето на образованието на македонски јазик во Албанија.
  • Изложба на ретки фотографии и документи кои го отсликуваат образовниот процес низ годините.
  • Изложба на книги на македонски јазик, напишани од Македонци во Албанија.

Целта на настанот е да се оддаде почит на сите кои придонеле за зачувување и развој на македонскиот јазик и образование во Албанија и да се истакне важноста на неговиот континуиран развој.

Важен историски момент: Во декември 1944 година, Македонците од Мала Преспа, Голо Брдо и селото Врбник во Деволската област го започнаа патот на образованието на својот мајчин јазик – пат кој трае и денес!

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş