Skip to main content

На сцената на струмичкиот театар вечерва ќе биде изведена комедијата „Петок 13-ти“

Во среда, на 12 февруари 2025 година, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица ќе имате можност да ја погледнете комедијата „Петок 13-ти“, во режија на Никола Ристов.

Авторот на пиесата, Французинот Жан Пјер-Мартинез, се залага за популарниот театар (во вистинското значење на зборот), забавен, но не и безумен, дрзок – но никогаш вулгарен, повеќе етички настроен отколку праведен, и никогаш едукативен или покровителен. Со своите текстови тој се стреми да ја врати комедијата на нејзиното заслужено место; таа да биде огледало преку кое општеството ќе се соочи со своите пропусти. Играат Стојан Велков-Трн, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова и Ванчо Василев. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Ванчо Василев.

Цена на билет: 250 денари. Цената на билетот за ученици, студенти и пензионери е 100 денари.
Број за резервации и информации 072/233 012

Се замолуваат граѓаните своите резервирани билети да ги подигнат најдоцна до 15 часот на денот на изведбата.

Поврзани вести