Skip to main content

Целта на СДС, ДУИ и Левица е противење и блокирање на државата, а не подобар Изборен законик

Реформските измени на Изборниот законик се подготвуваа со месеци на средби и во работна група каде активно учество зедоа претставниците на СДС, Левица и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Измените се градеа постепено со широк политички и партиски консензус, опозициските партии даваа забелешки и конкретни предлози кои целосно беа прифатени од владејачкото мнозинство.

Но, кога дојде момент да се стави потпис, да се покаже одговорност и измени на Избониот законик да се донесат, СДС, Левица и ДУИ избегаа од сопствениот постигнат договор.

Тоа покажува дека политиката на овие политички партии никогаш не била државничка и во интерес на граѓаните, туку дека тие, единствено, имаат политика на противење, опструирање и блокирање на се што е во корист на напредокот на државата.

Ваквиот однос потврдува дека проблемот никогаш не бил Изборниот законик, туку дека проблемот е што СДС, Левица и ДУИ не можат да поднесат уште еден реформски успех на Македонија.

Тие можеби не се свесни, но со тоа признаа дека се борат против секое решение што значи напредок и успех за државата, а не за подобар Изборен законик. За СДС, Левица и ДУИ поважно е да создадат политичка криза во државата, отколку Македонија да исполни уште една реформска обврска.

Доброто, во целата оваа работа, е што веќе се е на виделина и граѓаните одамна ја препознаа политиката на опозициските партии која е без идеи, без решенија и без никаква одговорност.

Политика за лични интереси која знае само да кочи и блокира се што е во интерес на државата, затоа и на следните избори, македонските граѓани жестоко ќе ги казнат и СДС, Левица и ДУИ, освен во опозиција, ќе ги испратат и во историјата“, се вели во соопштението од партијата.

Поврзани вести