Skip to main content

Орбан: Тиранијата повеќе не е закана, туку реалност. Боже, чувај ја Унгарија

Facebook / Orbán Viktor

Отворена тиранија пристигна во Унгарија поради постапките на премиерот Петер Маѓар и партијата Тисза, соопшти опозициската партија Фидес, коментирајќи го фактот дека претседателот Тамаш Шујок потпиша уставен амандман со кој се завршува неговиот мандат.

Маѓар и партијата Тисза извршија насилен напад врз претседателот на начин невиден во Европската унија, го ставија во недостојна положба, вршеа притисок врз него и на крајот своеволно го отстранија од функцијата. Ова е без преседан во Унгарија од најмрачните диктатури, порача партијата Фидес.

Шујок стана жртва на политичко насилство од страна на Тисза, соопшти партијата на поранешниот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека Маѓар ја турнал земјата во уставна криза.

Ако ова може да му се направи на претседателот денес, тогаш утре сè може да му се направи на секого во Унгарија, наведоа од Фидес.

Пратеничката група на Фидес во парламентот ќе ги искористи сите достапни средства за да се спротивстави на автократијата и да ги поддржи сите форми на мирен и законски отпор, се додава во соопштението.

Орбан на својата страница на Фејсбук напиша:Денеска е отстранета последната пречка. Тиранијата повеќе не е закана, туку реалност.

Ако ова може да му се направи на претседателот на републиката, тогаш повеќе никој не е безбеден – предупреди Орбан.

Боже, чувај ја Унгарија, додаде тој.

Поврзани вести