Skip to main content

На 24 септември во Сули ан во Скопје почнува првото издание на ФЛУДО – Фестивал за еко култура и креативен активизам

Првото издание на ФЛУДО – фестивал за еко култура и креативен активизам кој започнува утре (четврток 24 септември) и ќе трае до сабота (26 септември). Сите програми ќе се одржуваат во Сули – ан во Скопје.

Пред пет години, Еко – свест, кој е организатор на фестивалот, започна со специфичен комуникациски пристап што ги надминува традиционалните модели на информирање. Наместо еколошките теми еднострано да се пренесуваат до јавноста, Еко – свест започна да гради долгорочни партнерства со независни културни центри, фестивали и уметници, со цел знаењето за животната средина да стане дел од нивната работа и да стигне до поширок круг луѓе.

„Веруваме дека културата има моќ да отвора прашања, да создаде нови перспективи и да придонесе кон градењето на наративот за животната средина.

Ѓорѓи Митревски, програмски координатор во Еко – свест / Фото: Еко-свест

Во изминатите пет години, преку овие соработки, еколошките теми станаа дел од различни фестивали, репертоари, работилници и уметнички продукции. Паралелно, преку едукативната програма се работи со деца од основните и средните училишта, како и со студенти од уметничките факултети, со цел новите генерации да ги истражуваат прашањата за животната средина преку образование и креативност, рече Ѓорѓи Митревски, програмски координатор во Еко – свест.

ФЛУДО се појавува како простор каде што уметноста, образованието, активизмот и граѓаните се среќаваат околу прашањата за животната средина, тој не е замислен како само културен настан, туку како простор за сите што сметаат дека уметноста и културата може и треба да дејствуваат во заеднички фронт со екоактивизмот.

Програмата на првото издание на ФЛУДО носи различни уметнички и едукативни формати. Во фокусот е заштитата на реките, преку изложба која ќе ја конципираат самите учесници, со естетска и едукативна компонента.

На годинашново прво издание на фестивалот ќе се одржат работилници за стоп анимација, театар на сенки, циајнотипија сито печат и креативно рециклирање.

Посетителите ќе можат да ја проследат и Еко трампа, настан посветен на циркуларната економија, како и проекции на кратки документарни филмови кои обработуваат различни еколошки теми, меѓу кои и филм посветен на изворот Рашче.

Музичкиот дел од програмата носи соработка меѓу визуелниот уметник Владимир Лукаш, композиторот Ѓорѓи Шаревски и диригентот Џијан Емин, а ќе настапат и Хана Корнети, младата Јована Ристеска, ќе настапи ди џеј Шурбе, а последната вечер ќе се одржи и концертот TRANSMISSION со Александар Петров и Томи Анчов.

Во сабота ќе биде претставена и поставка со дела создадени на работилниците за креативни медиуми, а во рамки на програмата ќе се одржи и разговорот „Мојот пат“, модериран од писателката Румена Бужаровска, која живее и создава во Маврово.

Во ФЛУДО учествуваат и луѓе со долгогодишно искуство во културата, уметноста, медиумите и активизмот, меѓу кои и ликовниот уметник Ѓорѓе Јовановиќ, од КСП „Центар – Јадро“, како и Сандра Јосифовиќ од Сараево со долгогодишно новинарско и активистичко искуство во поврзувањето на културата и екоактивизмот.

Името на фестивалот ФЛУДО е инспирирано од водата и реката – како симбол на движење, поврзување и трансформација. Идејата за ФЛУДО се развиваше низ повеќегодишната работа со уметнички колективи и едукативни програми, особено на теми поврзани со заштитата на реките.

ФЛУДО го замислуваме како дух на водата и симболичен заштитник на реките – платформа која ќе продолжи да ги поврзува уметниците, организациите, активистите и граѓаните во создавањето на нови приказни за животната средина“, додаде Митревски.

Авторка на визуелниот идентитет на фестивалот е авторката Марија Трајаноска.

Некои еколошки прашања веќе теми со кои се занимава јавноста Но, животната средина сè уште нема доволно простор во културниот и општествениот наратив.

keşan prefabrikJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetjojobetzbahisroketbet