Skip to main content

Тони Михајловски е годинашниот лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Актерот Тони Михајловски е годинашниот лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, кој од 28 септември до 6 октомври ќе се одржува во Крива Паланка. По тој повод, на 28 септември во салата на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи свечена академија посветена на познатиот актер.

Повеќе од три децении творештво, бројни театарски улоги, незаборавни филмски остварувања и актерски признанија го испишуваат патот на уметник со исклучителна сценска енергија, силен темперамент и автентичен актерски печат. Од театарската сцена до филмското платно, Михајловски создава ликови што не исчезнуваат со спуштањето на завесата. Тие остануваат во сеќавањето на публиката.
Неговото име го носат остварувања како „Џипси меџик“, „Буре барут“, „Збогум на 20-тиот век“, „Балканкан“, „Панкот не е мртов“, „Парада“, „Трето полувреме“ и „До балчак“, а неговиот повеќедецениски придонес кон македонската театарска уметност е крунисан и со наградата за животно дело „Петре Прличко“.
Оваа година, Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ му оддава почит на актерот, уметникот и творештвото што остави свој белег во македонската култура, велат од Фестивалот.

Во фестивалската програма ќе настапат Театар Комедија од Скопје со „Кокошка“, уметничката работилница „Призор плус“ од Белград со „Комедија на збрката“, Велешкиот театар со „Тестостерон“, Кумановскиот театар со „Не можам да платам, не сакам да платам“, продукцијата „МАНА“ во копродукција со МНТ со „Вонземјани“, Народниот театар од Лесковац со „Прељубници“, Општинскиот народен театар од Ќустендил со „Мојот најдобар пријател“, продукцијата „Монтесцена“ од Подгорица со „Црногорец во кревет“ и продукцијата „МониКарт“ од Нови Сад со „Балкански мажи“.

Претставите ќе се играат во киносалата при Центарот за култура од 19:30 часот. Фестивалот е во организација на здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од Крива Паланка.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetJojobetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetbetgitzbahisroketbet