
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека цените на горивата во Европа растат, додека Европската унија постојано го фокусира своето внимание на Украина.
Пишувам отворено писмо до претседателката на Европската комисија,Урсула фон дер Лајен, а ќе апелирам и до претседателот на Европскиот совет,Антонио Кошта, барајќи од него да свика вонреден самит, бидејќи ако има земји каде што цената на еден литар дизел гориво се приближува до три евра, тогаш тоа е криза каква што не е видена овде долго време, а ние постојано се справуваме со Украина, рече Фицо на прес-конференцијата по седницата на словачката влада, која ја емитуваше словачкиот телевизиски канал TA3.
Фицо рече дека Европската унија може да најде стотици милијарди евра за поддршка на војната во Украина, но дека не може ниту да одржи состанок поради високите цени на горивата.
Тој, исто така, истакна дека од земјите-членки се очекува самите да воведат мерки што би ги компензирале граѓаните за дел од трошоците и би го ублажиле притисокот од високите цени врз нивните домашни буџети.
„Сметам дека е апсолутно цинично од страна на Европската Унија да ги остави земјите-членки на нивната судбина во нафтената криза“, заклучи Фицо.
Фицо вчера ја повика Европската Унија да свика итен самит поради неодамнешното зголемување на цените на горивата во Европа.
Русија смета дека испораките на оружје за Украина го попречуваат решавањето на проблемот, директно ги вклучуваат земјите од НАТО во конфликтот и претставуваат „играње со оган“, според TA3.(МИА)

Македонски


