
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека со последниот ден од септември ќе се врши упис на ученици.
Како што оцени Јаневска, намалениот број ученици и паралелки, освен на наталитетот, во многу помал дел се должи и на иселување на граѓаните од државата или евентуално на некои други несакани случувања.
Оваа година, за разлика од минатата, имаме помалку или точно 1.300 првачиња. Во 2020, кога веќе со шест години тргнуваат на училиште, се намалиле, има 800 раѓања помалку, што значи разликата е 500 првачиња. Мене ми е жал што не се почитува доследно правилникот за упис на ученици во прво одделение, што значи во мај, во јуни тие требаше да бидат сите запишани и внесени во електронскиот дневник. Тоа не е така и јас изјавувам дека до последниот ден од септември ние ќе вршиме упис на ученици. Можно е оваа бројка уште малку да се поднамали. Значи, освен на наталитетот, во многу помал дел се должи и на иселување на граѓаните од државата или евентуално на некои други несакани случувања – истакна министерката одговорајќи на новинарски прашања на настанот во ДСУРЦ „Партенија Зографски“ по повод 23 Септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик.
Студентскиот дом „Стив Наумов“ е хотел А-категорија, за месец и пол и „Кузман“ ќе биде хотел А-категорија. И доколку има студент кој ќе остане, а нема, сите што исполнуваат услови се сместен
Во врска со коментарите на одредени политички партии дека не се објавени резултатите и дека има измама за тоа кој се е примен во студентските домови, Јаневска напомена дека не сака да се расправа со лажни вести.
Веќе еднаш коментирав, не сакам да се расправам со лажни вести. Секторот си работи така како што треба. Истата политичка партија велеше дека студентите учат и живеат во супстандардни услови. Сега студентскиот дом „Стив Наумов“ е хотел од А-категорија, за еден и пол месец и „Кузман“ ќе биде хотел од А-категорија. И доколку има студент што ќе остане, а нема, сите што исполнуваат услови се сместени и, доколку има некакви други видувања меѓу студентите во однос на домовите, за еден и пол месец, кога ќе бидат отворени, верувам дека на сите ќе им бидат задоволени желбите. Инаку, ние не постапуваме по желби, ние имаме правилници и закони по кои работиме – потенцира министерката Јаневска.

Македонски


