
Во вториот квартал од 2026 година вредноста на увозот на нафта во ЕУ нагло пораснал за 55,8 %, иако количините останале речиси исти како во претходните кавратали, околу 36,7 милиони тони, објави Евростат.
Што се однесува до течниот природен гас, вредноста на увозот се зголемил за 4,1 %, а количините се намалени за 5,6 %.
Во истиот период увозот на природен гас во гасовита состојба забележал раст и во поглед на вредноста (+18,5 %) и во поглед на обемот (+3,4 %).
Најголемите доставувачи на енергенти во вториот квартал од 2026 година биле САД и Норвешка. Главни доставувачи на нафта за ЕУ се САД (18,8 %), Норвешка (14,3 %) и Казахстан (13,4 %).
Најголем дел и од течниот природен гас е увезен од САД (63,2 %). Уште 17,3 % потекнуваат од Русија, а 8,1 % од Алжир.
Норвешка била главен доставувачи на природен гас во гасовита состојба (51,2 %), по што следуваа Алжир (18,2 %) и Обединетото Кралство (11,1 %), кое ја надмина Русија (10,2 %) и влезе во групата на трите најголеми партнери на ЕУ.(МИА)

Македонски


