
Младата и надежна балерина Наташа Трендафилова Гицев за првпат ќе настапи во двојната улога Одета / Одилија во балетската класика „Лебедово езеро“, информираа од Националната опера и балет.
Една од најбараните и најпредизвикувачки улоги во класичниот балет, која бара исклучителна техничка подготвеност, драмска изразност и сценска зрелост – вистински чекор напред во уметничкиот развој на една балерина.
ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО / SWAN LAKE – P. I. TCHAIKOVSKY (балетски спектакл)
13.2.2026 – 19.30 ч.
Поддршка за новите генерации на балетски уметници.
Фотографиите се од генералната проба, 12.2.2026
Фото: Марко Угарковиќ

Македонски



