Skip to main content

Месецот на франкофонијата се отвора со танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на танцовата група K.Danse

Со танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на француската танцова група K.Danse на 10 март во 20 чаот во Македонскиот народен театар (МНТ) Францускиот институт во Скопје и Танц-Фест го отвораат Масецот на фрнкофонијата.

Танцовата претстава „F_AI_LLE“ е истовремено и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција.

На крстосницата помеѓу современиот танц и дигиталните истражувања, ова дело ја преиспитува нашата врска со нормите, технологијата и креативноста.

Секој учесник станува ко-креатор и сведочи уникатно уметничко дело што се менува во зависност од сопственото движење и односот кон вештачката интелигенција.

Во рамките на посетата на трупата ќе се реализира и програма на работилници од 9 до 13 март во неколку градови низ земјата — Скопје, Битола, Куманово и Тетово — под водство на кореографот Жан-Марк Матос. Работилниците се наменети за актери од областа на танцот, млади изведувачи и наставници по француски јазик.

Овој проект, поддржан во рамките на програмата FEF „Дигитални уметности“, ја истакнува продукцијата на современото франкофонско творештво и ги зајакнува уметничките соработки помеѓу Франција и Македонија.

Поврзани вести